Сегашната модна дестинација една од најуспешните македонски манекенки Елена Реи е Париз, каде престојува веќе подолго време. Елена сними едиторијали за повеќе француски списанија, а пред два дена имаше чест и привилегија да биде first face на ревијата на Армани каде акцентот беше ставен на новата козметичка линија Lip Magnet. Алек Наумовски од нејзината матична агенција „Моделс ин“ би отрки дека ревијата се одржала во Grand Palais и била од затворен тип, само за бизнис елитата и воедно деловните партнери на Армани. Истиот ден Елена имала уште на две ревии за брендот Longchamp. „И во следниот период нашиот топ модел останува во Париз, бидејќи наредната недела е букирана со голем број на ангажмани. После ревијата на „Келвин Клајн“ на минатогодишната Њујоршка модна недела, ова претставува голем исчекор за Елена во светот на високата мода“, смета Алек.
Нема коментари