Нова тенденција на полето на модните додатоци станува вирална и брзо се шири меѓу модните вљубеници – скулптурална и геометриска обетка (да, само една!) со моќ да ја раздвижи и разигра и наједноставна модна комбинација. Дизајнерските колекциите за пролет-лето 2017 изобилуваат со овој стилистички предлог, а трендседерките и уредничките веднаш го прифатија овој по малку ексцентричен стил, па така Наташа Голдберг се појави на моден настан со една обетка од последната колекција на Loewe, а Таму Мекферсон комбинацијата од фармерки и деконструирана кошула ја дополнила со масивна златна обетка. Примери за овој пролетен тренд на накит може да најдете и во highstreet брендовите како „Зара“, Parfois и „Манго“, понекогаш како распар обетки или како модернистички структурален пар на обетки, кои секогаш може да ги носите во „еднина“.
Нема коментари