Музичката икона Дејвид Боуви постхумно беше прогласен за најдобар британски соло-изведувач, а неговото последно издание- Blackstar ја доби наградата за албум на годината на BRIT Awards што се одржаа вчеравечер во лондонската O2 Arena. Признанијата ги подигна неговиот син, Данкан Џонс.

Признанијата за Дејвид Боуви ги подигна неговиот син Данкан Џонс
На 37. издание на Британските музички награди за најдобра британска соло пејачка е именувана Емeли Санде, најдобра група е The 1975, а за најупешен нов изведувач е прогласен Rag’n’Bone Man. Наградата за најдобар британски сингл ја доби женската група Little Mix за нумерата Shout Out To My Ex , додека за најдобро видео статуетка доби бендот One Direction за песната History. Меѓу интерационалните изведувачи, најдобар машки пејач е Дрејк, а пејачка Бијонсе, а за најдобра меѓународна група е именувана A Tribe Called Quest.

Соул пејачот Rag’n’Bone Man, пејачката Емeли Санде и групата The 1975 се меѓу наградените
На шоуто имаше незаборавни настапи на Роби Вилијамс, Кети Пери, Бруно Марс, Little Mix, а беше одадена почит на Џорџ Мајкл, кој почина кон крајот на минатата година. На емотивното сеќавање се појави и Ендру Риџли со кој Мајкл ја почна кариерата во поп-дуото Wham!. Тој беше придружувн од членовите на Pepsi & Shirlie. Следуваше настап на Крис Мартин од „Колдплеј“, кој ја изведе A Different Corner од Џорџ Мајкл.

Роби Вилијамс имаше впечатлив настап

Атрактивниот женски состав Little Mix доби награда за нумерата Shout Out To My Ex

Му беше одадена почит на Џорџ Мајкл

На настапот на Кети Пери се појавија џиновски селети-кои сатирично ја преставија средбата на Претседателот на САД- Доналд Трамп и британската премиерка Тереза Меј
Нема коментари