Поранешната манекенка Лорен Скот, која во последниве години работеше како моден дизајнер и беше позната како девојка на Мик Џегер, денес е пронајдена мртва во својот апартман на Менхетан, Њујорјк, а според првите информации се обесила со марама. Телото на 47-годишната модна дизајнерка околу 10 часот утрово го пронашла нејзината асистентка.
Полицијата се сомнева дека се работи за самоубиство, Скот е пронајдена со марама околу вратот, а која била врзана за врата, но не нашла никаква самоубиствена порака.
Скот кариерата ја почна како манекенка во Париз, каде замина веднаш по матурирањето во родната Јута. Соработувала со Тиери Муглер и „Шанел“, пред да се пресели во Калифорнија каде што во 90-тите работела како успешен стилист. Во 2006 година го основа својот бренд, а за успешноста на нејзините дизајни зборува фактот што Сара Џесика Паркер, Анџелина Џоли и Никол Кидман носеа нејзини фустани на доделување на „Оскари“, а клиенти и’ биле Рис Витерспун, Сандра Булок и Мишел Обама. Исто така работела костими за филмовите „Очи широко затворени“ и „Тринаесеттемина на Оушн“. Од 2001 година беше во врска со Мик Џегер. Во февруари годинава го откажа своето учество на Лондонската модна недела. Џегер во моментов е во Австралија на турнеја со „Ролинг Стоунс“.
Нема коментари