Канадскиот модел со полско потекло, Дарија Вербова, ќе биде заштитно лице на кампањата на шпанскиот моден бренд „Манго“ за сезоната пролет/лето 2014
Дваесет и деветгодишната манекенка со кул имиџ и урбана појава е едно од најпрепознатливите лица на светските модни писти, учествува во огромен број рекламни кампањи, насловни страни и едиторијали во престижни модни списанија. Според Нинона Вила, одговорна за ПР во „Манго“ соработката со топ-модел од класата на Дарија „ги истакнува вредностите на брендот и го потенцира квалитетот и дизајнот на новите парчиња од колекцијата“.
Таа ќе позира носејќи повеќе линии од новата колекција. Принтови, лежерни силуети, везови инспирирани од хипи трендот во комбинација со метални детали доминираат за пролет/лето 2014. Следната сезона пристигнува и со новапалета бои: жолта и сина боја, дезени во пруги со минималистичи кроеви инспирирани од машката силуета. Црно-белата комбинација се чини е неизбежна за современи и елегантни парчиња.
Дарија Вербова доаѓа на месторо на Миранда Кер, која е последната од многубројните соработки на брендот со врвни актерки и модели меѓу кои Пенелопе Круз, Мила Јовович, Лизи Џегер, Каролина Куркова, Наоми Кембел, Ева Херцигова, Клаудија Шифер, Кристи Тарлингтон и Дајан Кругер.
Нема коментари