Авторката на The Blonde Salad, Кјара Ферањи, стана првата блогерка што се појавува на насловна на Vogue. Таа ја краси насловната страница на априлскиот број на шпанското издание на влијатлениот магазин. Популарната италијанска блогерка позира пред објективот на Нико Бастос.
Кјара важи за една од блогерките кои најмногу заработува од популарноста на својот блог. Се појавува како заштитно лице на познати брендови, а и самата дизајнира своја линија на чевли. Добитничка е на повеќе награди и признанија за најчитан блог.
Нема коментари