Не е руса, не е ни кафена, туку нешто помеѓу и се нарекува bronde – кованица од blonde (росокоса) и brunette (бринета). Новиот трендовски начин на боење на коса може да опише како база во карамелеста и кафена боја, исшарана со прамени во посветла нијанса на карамел, кои на краевите се прелеваат во нежна златно-руса нијанса. Кога Блејк Лајвли минатата недела објави фотографија офарбана во bronde техника, популарноста на овој начин на боење уште повеќе порасна, а bronde боја носат и Кара Делевињ, Џенифер Лопез и Алекса Чанг. Овој стил изгледа доста природно, свежо и според фризерите е лесен за одржување, бидејќи не бара често боење.
Нема коментари