Брендот за чанти и модни додатоци популарен и кај нас во рамките на модната недела во Милано ја претстави новата колекција за пролет-лето 2017, а за следната сезона Furla отпатува во прашумите и таму пронајде инспирација. Вообичаените класични форми креативниот директор на Furla Фабио Фуси сега ги замени со весели принтови и мотиви на прашумските животни креирајќи забавна, свежа и младешка линија која се опишува како градска џунгла. Пантери, мајмуни, зебри, папагали или поточно 50 различни принтови на чанти се дел од оваа колекција, во која се претставени и чевли, паричници, ранци и останати детали.
1 коментар