Според институтот „Пантон“ тоа е „сјајна орхидеја“, како што официјално е заведена оваа тропска нијанса на виолетова боја во корпорацијата. Овој избор се очекува да има големо влијание во модата, козметиката и дизајнот на ентериери. „Ова не е основна боја, туку посебна нијанса што ве повикува да бидете иновативни. Палетата на виолетови нијанси секогаш нуди можност да бидете креативни“, вели Леатрис Ајсман, извршен директор на „Пантон“. Веќе 13 години „Пантон“ прогласува боја на годината, а за оваа календарска година тоа беше смарагдно зелената.
Како глобален авторитет кога се боите во прашање, од „Пантон“ велат дека многу сериозно го сфаќаат прогласувањето на боја на годината и буквално го прочешлуваат светот барајќи влијанија во шоубизнисот, модната индустрија, новите уметнички колекции, популарните дестинации и во технологијата.
На модните писти и на црвениот килим веќе се забележани моменти на сјајна орхидеја – во машките колекции на Салваторе Ферагамо и Ерменгилдо Зења има детали во оваа нијана, во пролетната женска колекција на „Макс Мара“ забележавме еден целосен изглед во виолетова боја, а Мишел Обама често носи облека во оваа нијанса.
Нема коментари