Македонската дизајнерка Евгенија Зафировска со диплома од Факултетот за дизајн во Љубљана ја подготви новата колекција Black Feedback преку која го обработува принципот на рециклирање на материјали што резултира со еко-мода претставена преку фотосесија со моделот Мирела Муриќ.
-Инспирирана од флората и заштитата на животната средина, како прв чекор во обидот да променам нешто направив колекција во која акцентот е на рециклираниот материјал. Хортикултурата изобилува со живописни бои и форми кои ми послужија како инспирација поливинилот да го вметнам на различни начини. Најзастапен материјал е поливинилот, кој е рециклиран и со тоа и додава додатна вредност на колекцијата која е збогатена со апстрактни принтови. Спој на вистинска женска естетика и допир од уметничко дело – објаснува дизајнерката.
Нема коментари