Изминатава 2016-та беше дефинитивно година на брендот Gucci. Иновативните и колоритни колекции, со несекојдневни комбинации и спој на ретро имиџот со трендовите на креаторот Алесандро Микеле беа едни од најносените, не само на црвениот килим и меѓу славните пејачки, актерки и модели, туку беа омилени и во уличната мода. Трендсетерките и блогерките изминатава година ги носеа модните додатоци, чантите, чевлите, влечките, очилата, плисе здолништата, фустаните и бомбер јакните на Gucci. Едно од најпопуларните парчиња од оваа етикета беше и белата базична маичка со напис во златна, црвена и зелена боја. Највлијателните девојки , кога станува збор за модата на Инстаграм објавија фотографии со своите комбинации со овој модел.
1 коментар