Поп ѕвездата Каролина Гочева пред два дена се појави на X Factor Adria во Белград и ја исполни „Кој да ми запее“ од последниот нејзин албум. Одушеви со гласот и изведба, но впечатлива беше и со изгледот и со промената во однос на фризурата. За настапот нејзината долгогодишна стилистка избра црвен, долг фустан со отворен грб од бутикот Zap Milano, накит од Tesoro и чевли од Кристијан Лубутан.
Нема коментари