Првиот македонски козметички бренд создаден на база на 100% природни состојки Bare Origin, ќе одржи промоција во недела, 16 октомври, во 19 часот во „Јавна соба“, на која ќе може да ја откриете приказната за брендот и природниот начин на нега на кожата. Зад брендот Bare Origin стои Нена Стојова, а промоцијата во Скопје следи по првата промоција на производите што се одржа минатиот месец цо Стокхолм, Шведска. Љубителите на богатствата од природата ќе имаат можност да ги тестираат производите, да дознаат повеќе за нивните состојки и начинот на кој што се произведуваат.
„Доколку не можеш да го јадеш не го ставај на кожата, бидејќи кожата е нашиот најголем орган“, е нејзиниот водич во оваа приказна. На патување во Мароко, Нена ги открива својствата на аргановото масло, едно од најскапоцените масла во светот, богато со Е витамин кој е најзначаен антиоксидант, и се користи против брчки и прерано стареење. Аргановото масло е богато и со масни киселини кои што се многу блиску до масните киселини кои што нашето тело природно ги произведува. Затоа толку лесно се апсорбира и ја одржува кожата мека и нежна.
„Како што името на мојот бренд сугерира Bare Origin (отворено потекло) сакам секој кој што ќе дојде во контакт со моите производи, не само да доживее неверојатен ефект од нив, но и да знае точно од каде потекнува тоа што го користи. Секоја состојка има своја приказна и точно тоа сакам да го споделам”, вели Нена Стојова.
Bare Origin нуди 3 различни ароми на арганово масло коишто се 100% природни и при чие производство Нена е лично присутна: чисто арганово масло, арганово масло со арома на роза и чоколаден арган, којшто е и со најголема побарувачка.
Нема коментари