Убава жена е негувана жена. Таа што внимава на својот здрав и естетстски изглед и што се информира за новостите во модата и козмеиката. Модерна жена е таа што знае како да се грижи за себе, за своето тело, кожа коса…но и кого да праша за совет во врска со својот изглед… Ова се дефнициите што денеска на средбата со новинарите на највисокиот кат на скопскиот хотел Stone Bridge ги кажаа трите модни соработнички/советнички на команијата AVON, дизајнерките Антонија Ристовска и Росица Мршиќ и познатата стилистка Васка Леонтиќ . Домаќинка на настанот беше манекенката и водителка, Марјана Станојковска. На крајот од средбата на три гостинки, по случаен избор, им беа доделени награди од модните советнички на AVON.
Негуваната жена, што секојдневно ја слави естетиката и има почит за префинетите форми на убавината, беше главната инспирација за настанот „Убавина со потпис“. Ристовска, Мршиќ и Леонтиќ зборуваа за сите страни на убавината, и тоа онаа оригиналната, префинета, негувана и автентична. Секоја од нив ги пренесе искустватаод соработката со AVON. Концептот „Убавина со потпис“ е одраз на долгогодишната практика на AVON во светски рамки, а од неодамна тоа е и главниот фокус во работењето на AVON Македонија. Концептот се темели на соработката на AVON со врвни имиња кои работат во доменот на убавината и модата, кои својот авторитет и долгогодишно искуство го преточуваат како лична препорака за потрошувачите на AVON.
Почнувајќи од крајот на изминатата година и успешните македонски дами застанаа со својот потпис зад палетата на AVON, станувајќи модни советници на оваа компанија.
-Преку професионалните препораки за широкото портфолио производи на AVON, сакавме креативноста и експертизата на веќе докажани авторитети да ја доближиме до големиот број крајни корисници на производите и на нашиот пазар. На овој начин се стремиме да ја следиме глобалната стратегија на компанијата и да одговориме на барањата на нашите клиенти- вели Бисера Банова, специјалист за односи за јавност во „AVON Македонија“.
Првата ваква соработка беше со познатата модна дизајнерка Антонија Ристовска, која од октомври 2013 година ексклузивно се појавува како „моден советник за убавина“ во брошурите на оваа козметичка компанија. “. Ова партнерството доведе до развивање на соработката на едно многу подлабоко ниво и создавање на цела една колекција наречена „Инстинкт“, инспирирана токму од етеричната убавина на истоимениот парфем на AVON. Со оваа модна линија која Ристовска ја претстави на Модниот викенд-Скопје есен-зима 2013 година, таа ја нагласува женственоста и страста која доаѓа однатре, во оној добро познат стил на умерената елеганција и ја изразува својата инспирација преку спојот на внатрешната и надворешната убавина на жената и преку формата и суштината на парфемот.
Следното вакво партнерство започна на почетокот на 2014 година, кога компанијата потпиша договор и со популарната модна дизајнерка Росица Мршиќ, сакајќи своето портфолио модни додатоци да го доближи и до помладата генерација потрошувачи. Следејќи го успешниот пример од последната соработка, компанијата „AVON Македонија“ и модната дизајнерка имаа заедничко претставување на неодамнешното издание на Модниот викенд-Скопје со последната колекција пролет – лето 2014, која Росица Мршиќ ја посвети на конструктивизмот и авангардниот правец во архитектурата, а потоа ја обои со инспирацијата што ѝ ја донесоа возбудливите пролетни палети на бои и контрасти на колекцијата AVON Color.
Од април годинава, со цел да обезбеди врвна услуга и за потрошувачите на декоративната козметика на AVON, компанијата почна да ги користи професионалните совети на докажаниот македонски стилист Васка Леонтиќ. Таа во моментов е актуелниот советник за убавина за линиите шминка AVON Color и Luxe, а според зборовите на Леонтиќ, таа и компанијата AVON и во иднина ќе продолжат многуте новитети да ги прават сè подостапни за јавноста и љубителите на убавината и негата. Под потписот „професионален стилист и експерт за шминка на AVON“, препораките на Леонтиќ на полето на иновацијата и страста за убавото, може да се најдат на страниците на брошурите на „AVON Македонија“.
Компанијата AVON на глобално ниво има склучено бројни соработки од ваков тип со светски дизајнерски имиња како што се Кристијан Лакроа, Емануел Унгаро, Синтија Рајли, а низ страниците на брошурите се најдоа и многу ѕвезди како заштитни лица на дел од мирисите на AVON, меѓу кои Салма Хаек, Мила Јовович, Оливија Вајлд, Рис Витерспун, Ферги, Меган Фокс и други. Последен, актуелен глобален амбасадор за убавина е атрактивниот модел Ирина Шајк, која е заштитно лице на линијата шминка AVON Color.
AVON, како компанија за жените, отсекогаш била клучно име во светот на убавината. Со преку 11 милијарди долари годишен приход, таа е една од најголемите светски компании во директна продажба, која работи во преку 100 земји, со преку 6.4 милиони активни независни претставници. Компанијата нуди иновативни технологии во областа на козметиката и се гордее со најмногу жени на менаџерски позиции, споредбено со другите јавно-трговски компании. Во Македонија е присутна од 2005 година и за овие 9 години се докажа како бренд кој е синоним за квалитет и успех. Продуктните линии на AVON вклучуваат производи од декоративната козметика, производи за нега на кожа и лице, мириси, модни додатоци и производи за домот, меѓу кои се веќе етаблираните брандови на AVON Color, Anew, Skin-So-Soft, Solutions, Advance Techniques, AVON Naturals, Luxe и друго.
Нема коментари