Едноставна и трендовска комбинација која е погодна за зимскиот период – плетена ролка во современа верзија и широки ¾ панталони или таканаречени килоти. Навидум килотите изгледаат како комплицирани за носење, бидејќи поради кројот може да стојат малку чудно, па треба внимателно да се одбере вистинскиот модел. Стилистите предлагаат да се комбинираат со потесни блузи во горниот дел, но овде имаме нешто малку поразлично – килоти со висока половина во комбинација со дебели, структурирани и малку подолги ролки во стил на туники, споени на начин да обезбедат вистински баланс во пропорциите и понекогаш во микс со ремени кои прават екстра дефинирање на силуетата.
Нема коментари